Ливерпул ќе навива за Манчестер Јунајтед на вечерашното дерби против Манчестер Сити, со надеж дека „ѓаволите“ ќе останат непоразени и на тој начин ќе му овозможат на тимот на Јирген Клоп да се задржи на врвот на премиерлигашката табела. Сепак, германскиот стратег е песимист кога станува збор за шансите „црвените ѓаволи“ да му направат услуга на неговиот тим.
„Можеме само да гледаме, никако не може да се влијае врз исходот на тој натпревар. Искрено, не верувам дека и Манчестер Јунајтед може да влијае на исходот, по оној пораз од Евертон… Кога ние игравме на „Олд Трафорд“ тимот на Јунајтед се наоѓаше во многу подобра форма, сега ситуацијата е поинаква, но такви работи се нормални во фудбалот“ – изјави Клоп.
Ливерпул моментно се наоѓа на врвот на премиерлигашката табела со 88 бода, два повеќе од Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА