Клоп: Не паметам полош натпревар во мојата тренерска кариера

Ливерпул игра слабо оваа сезона, а беше така и по поразот од Брајтон кога тимот предводен од Јирген Клоп беше поразен со 3-0. Тимот е на деветтата позиција и се подалеку од позиција која носи во Лигата на шампионите.

Клоп после натпреварот истакна дека тоа бил најлошиот натпревар во неговата тренерска кариера и дека не можел да верува што се случувало на теренот.

„Не паметам полош натпревар, и тоа не само во Ливерпул, туку и во мојата тренерска кариера. За поразот сум одговорен само јас. Не сум среќен нормално, мораме да ги решиме проблемите, но немаме многу опции. Имав одредени идеји како да му помогнам на тимот, но очигледно не одеше како што треба“, изјави менаџерот на Ливерпул.

Се вчитува...