Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп истакна дека неговиот тим требало да добие пенал на дербито со Арсенал кое заврши без победник 1-1.
Во 18. минута Одегард играше со рака во шеснасетникот, но судијата Кавана се одлучи да не досуди пенал, а ВАР не интервенираше во ситуацијата.
„Колку е само силен Арсенал, но за среќа и ние сме добри. Да се прими гол на почетокот на ваков натпревар е непријатно, особено ако се знае дека противникот игра брз фудбал. Како што го почнавме мечот во вториот дел, требаше да дадеме повеќе голови. Генерално играта беше одлична. Спорната ситуација? Не знам дали судијата го виде тоа, но гледајќи ја забавената снимка, не знам како тоа не беше пенал“, изјави Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА