Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп уште еднаш го повтори ставот дека нема повеќе никогаш да работи во Англија, за да не го навреди Ливерпул, кој ќе го напушти после последниот меч оваа сезона.
Германецот кажа дека му треба одмор, и дека сега нема да размислува на неговиот следен ангажман.
„Ќе имам долг одмор, тоа е сигурно. А, што се однесува до работа во Англија, можам да потврдам дека тука моето време е дефинитивно завршено, затоа што нема да бидам менаџер на друг клуб тука. Ако работам некогаш пак, тоа сигурно нема да биде Англија“, изјави Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА