Клоп нема време за чекање: Де Јонг веднаш на „Енфилд“

Разочарувачкиот почеток на новата сезона проследен со голем број на повреди го примора Луверпул повторно да се активира на трансфер маркетот. Јирген Клоп се соочува со сериозни проблеми во средината на теренот па „наредил“ веднаш да биде доведен Френки де Јонг, пренесуваат англиските медиуми.

Ливерпул досега се соочуваше со голема дилема. Дали да биде ангажиран нов фудбалер во средниот ред или пак да се проследи планот и следната сезона големо засилување да биде ѕвездата во подем, Џуд Белингам. А, заостанувањето од седум бода зад лидерот на табелата Арсенал и густиот распоред кој следи пред Светското првенство даде одговор на истата.

Френки де Јонг веќе ова лето се поврзуваше со премин во редовите на Манчестер Јунајтед и Челси. Тој одби да биде дел од „црвените ѓаволи“ и покрај тоа што клубовите ги договорија условите за трансфер, а преговорите со Челси не се одвија во најдобар можен ред. Дали третата опција ќе го промовира Холанѓанецот во англискиот фудбал останува да видиме.

Се вчитува...