Клоп: Немам никаков проблем да играме Лига Европа

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп вели дека не му е проблем доколку неговиот тим следната сезона игра во Лига Европа.

Во изминатите шест години Германецот беше редовен учесник во Лигата на шампионите, но како што сега стојат работите тешко ќе се стигне до четвртото место во Премиер-лигата кое води во елитното европско натпреварување.

Ливерпул моментално е седми на табелата со седум бодови помалку и меч повеќе од четвртопласираниот Манчестер Јунајтед.

„Ќе земеме што и да добиеме. Не размислувавме за Лигата на Европа на почетокот на сезоната и би излажал ако кажам дека е успех. Сепак, начинот на кој се одвиваа работите сега, исто така би бил добар резултат. Немам никаков проблем да се натпреваруваме во Лига Европа“, изјави Клоп.

Се вчитува...