Секоја репрезентативна пауза носи главоболка за Јирген Клоп, тоа беше случај и синоќа кога левиот бек Енди Робертсон повторно заработи незгодна повреда настапувајќи за селекцијата на Шкотска.
Робертсон имаше повеќемесечна пауза по последниот репрезентативен настап кога го повреди рамото, за синоќа повторно прерано да го напушти теренот на пресметката со Северна Ирска. Станува збор за повреда на скочниот зглоб, а Јирген Клоп и неговите сонародници со нетрпение ги очекуваат резултатите од деталните лекарски прегледи за да видат кога тој повторно ќе може да заигра за Ливерпул во клучниот дел од сезоната.
Сигурно е дека тој нема да може да настапи против Брајтон в недела, како и на следниот меч со Шефилд Јунајтед, но Клоп се надева дека ќе го има искусниот дефанзивец во тимот за големото дерби со Манчестер Јунајтед закажано за 9 април.
Ако Робертсон не биде „фит“, германскиот стратег ќе мора да бира меѓу Циципас и Џо Гомез за тоа кој ќе биде стартер на дербито на „Олд Трафорд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА