Клоп: Ни недостасуваат играчи на сите позиции

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп, ја прокоментира победата од 3-1 на неговиот тим против Барнли. Тренерот ја истакна борбата за титулата, и имаат два бода предност пред Манчестер Сити, кој има и меч помалку.

Клоп по мечот зборуваше за проблемите во составот. Германецот никако да склопи цел еден тим оваа сезона, но и понатаму е во игра за титулата во Премиерлигата. Тој кажа дека на Ливерпул му недостасуваат играчи на сите позиции.

„Размислувам за составот секоја недела. Сите екипи се во игра. Пред 2-3 недели имавме идеална ситуација со составот. Две недели подоцна ни недостасуваат играчи на секоја позиција. Се може да се случи, на сите ни треба среќа да ги надминеме овие проблеми, мораме да се бориме“, рече Клоп.

Се вчитува...