Клоп: Никој не ги памети второпласираните

Со синоќешната победа над Арсенал од 0-2, Ливерпул му се доближи на тимот на Манчестер Сити на табелата на само еден бод, иако разликата беше голема. Сепак, „црвените“ влегоа во одлична форма, врзаа девет победи по ред, и сега „му дишат во врат“ на Сити.

Последниот пораз Ливерпул го претрпе на крајот на минатата година од Лестер.

„Подобро е да се биде на минус еден, отколку на минус 14. Сепак, единствена работа која ме интересира е веќе следниот меч. Тешко е, распоредот е густ. Мораме да продолжиме да победуваме. Имаме и директен дуел со Сити, потоа уште многу тешки мечеви. Знам дека никој не ги памети добрите игри на второпласираните екипи. Ние сме посебна група, пробуваме да извлечеме максимум“, рече менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Ливерпул следниот меч во Премиер-лигата го игра против Ватфорд на 2. април.

Се вчитува...