Клоп: Очигледно е дека имаме проблем…

Јирген Клоп одби да ги критикува своите фудбалери и покрај слабото издание и ремито од 0-0 на гостувањето против Кристал Палас, два нови загубени бода за Ливерпул во трката за четвртото место.

„Црвените“ делуваа крајно конфузно, неколку пати ја загубија топката пред својот шеснаесетник, за што за нивна среќа не беа казнети од Палас.

„Не би рекол дека бевме во шок од поразот од Реал Мадрид, но јасно е дека си одиме дома разочарани бидејќи не славевме победа. Се сеќавам на меч на истиот овој стадион што исто така не го одигравме добро, но дадовме гол од прекин и успеавме да славиме, на крајот се се сведува на конечниот резултат. Очигледно е дека имаме проблем, повторно се мачевме во средниот ред, загубивме премногу топки што им ги подаривме на противниците и си создадовме главоболки. Мора да има движење зад линиите на противникот. Во нападот бевме побезопасни од вообичаено, но недостигаше Дарвин Нуњез, но тоа не смее да е изговор бидејќи ние мораме да победуваме без него, како и впрочем без било кој играч од тимот“, изјави Клоп.

Се вчитува...