Клоп: Одигравме лошо, резултатот е одличен за нас

На отворањето на новата сезона во Англија, Ливерпул одигра 2-2 против Фулам на гостински терен. „Црвените“ кои влегоа во мечот како големи фаворити, на крајот два пати губеа, а Салах му донесе еден бод на својот тим.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп се обиде да објасни што се случи на натпреварот. Многумина од навивачите го сметаат овој резултат за неуспех, а Клоп е задоволен од него.

„Најдобра работа за нас во овој меч е резултатот. Земавме бод во многу лош натпревар. Резултатот беше добар, и мислам дека не заслуживме повеќе од ова. Нашата игра може уште многу да се поправи. Можевме да победиме затоа што направивме некои шанси, но тоа ќе беше премногу“, рече Клоп после натпреварот.

Се вчитува...