Јирген Клоп и неговиот Ливерпул сигурно си го расчистуваат патот кон титулата во Премиер-лигата. Со триумфот од 3-1 против големиот ривал и актуелен шампион, Манчестер Сити дојдоа со девет бода предност пред тимот на Пеп Гвардиола, а на осум бода дистанца пред Лестер и пред Челси.
„Манчестер Сити беше одличен. Навитина беа многу добри и ние моравме да бидеме жестоки во одбраната. Постигнавме неверојатни голови. Беше тешко да се игра. Интензитетот на фудбалот беше очигледен. Но, вредеше. Ова е одлично. Момците беа фокусирани и концентрирани. Тоа е единствениот начин да се победи Сити, можеби други тимови можат да ги победат на поинаков начин, но ова е единствениот начин за нас. Сите напревари против Сити се вакви со исклучок на мечот минатата година на домашен терен. Ова не беше најубавиот натпревар, но имаше живост. Навистина ми се допаѓа тоа“ – изјави менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп по дуелот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА