Градското дерби меѓу Евертон и Ливерпул заврши без победник, 0-0, откако двата тима по голема битка сепак не успеаја да го најдат патот до мрежата.
Јирген Клоп реши да одмори половина тим во пресрет на реваншот од ЛШ против Манчестер сити, па Ливерпул го почна мечот без повредениот Салах, но и без Робертсон, Трент Арнолд, Фирмино и Окслејд Чембрлен. И со комбиниран состав со Соланке и Ингс во нападот „црвените“ го контролираа темпото во поголемиот дел од мечот, но без стопроцентна шанса пред голот на Евертон.
На спротивната страна, Евертон притисна во последните десетина минути, кога „карамелите“ создадоа две одлични ситуации за гол, но Тосун и Луин беа непрецизни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА