Ливерпул се соочи со неочекувани проблеми на два дена пред реваншот од полуфиналето на ЛШ против Рома, откако долгогодишниот асистент на Јирген Клоп, Жељко Бувач, реши да си замине од клупата на „црвените“. Бувач, кој во фудбалскиот свет го имаше прекарот „мозок“, цели 17 години му беше најблизок соработник на Клоп, но сега е принуден да се повлече на неопределено време поради лични причини.
Наспроти првичните информации дека станува збор за конфликт меѓу него и Клоп, извори блиски до Ливерпул тврдат дека воопшто не станува збор за такво нешто. Според „црвените“, Бувач поради лични причини побарал да му биде дозволено отсуство во следните триесетина дена. Ливерпул потврди дека тој нема да биде дел од стручниот штаб до крајот на сезонава, но демантираше дека Бувач поднел оставка потенцирајќи дека тој би требало да биде крај Клоп од стартот на наредната сезона.
Останува да се види дали заминувањето на значајниот член од стручниот штаб ќе влијае врз играта и резултатите на Ливерпул, кој веќе задутре ќе ја брани предноста од 5-2 од првиот натпревар против Рома.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА