Ливерпул се пласираше во осминафиналето од Лигата на шампионите, но по Џо Гомез остана без уште еден централен дефанзивец по повредата што ја заработи Џоел Матип на дуелот со Наполи. Камерунскиот интернационалец играше во одлична форма на двете средби по повредата на Гомез, но сега и тој ќе мора да мине подолг период надвор од терените по повредата на рамото на синоќешниот натпревар.
Деталните прегледи донесоа лоша вест – Матип мора да биде опериран, а паузата ќе изнесува најмалку шест седмици. Ова практично значи дека Клоп на располагање ќе има само двајца централни дефанзивци, и тоа Ван Дајк и Ловрен.
Дополнителна главоболка на стратегот на „црвените“ му создава повредата на Трент Александер Арнолд, кој ќе речиси сигурно ќе го пропушти неделното дерби со Манчестер јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА