Ливерпул лесно и убедливо славеше на гостувањето против Спарта Прага, но Јирген Клоп ќе има нова главоболка на три дена пред големото дерби со Манчестер Сити откако Ибрахима Конате заработи незгодна повреда на вечерашниот дуел.
Францускиот дефанзивец се пожали на болка во мускулот и веднаш мораше да биде заменет, а дополнителните лекарски прегледи ќе покажат колку ќе изнесува неговата пауза.
„Не знаеме што се случи. Ми кажа дека ако истрча уште еден спринт може да дојде до сериозен проблем, па решивме веднаш да го замениме. Ќе видиме што ќе покажат прегледите, можеби ќе биде ОК за Сити“, изјави Клоп по натпреварот.
Стратегот на Ливерпул за неделното дерби со актуелниот првак нема да може да смета на Алисон Бекер, Трент Александер Арнолд, ниту на Жота, Матип, Тијаго, Гравенберх, Џонс, Бајчетиќ…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА