Клоп откри колку ќе отсуствуваат Алисон и Жота

Ливерпул освои голем бод на гостувањето против Манчестер Сити, но „црвените“ на овој дуел останаа без помошта на двајца првотимци, откако Диого Жота го повреди мускулот и мораше да биде заменет во второто полувреме, додека Алисон заработи повреда буквално во последната минута.

Јирген Клоп на денешната прес-конференција пред мечот со ЛАСК говореше и за повредите на овие двајца фудбалери, кои ќе ги нема на располагање во наредниот период.

„Двајцата имаат повреди на мускули на ногата, онаа на Алисон е нешто полесна. Бекер нема да брани денеска, нема да брани ниту в недела со Фулам. Најверојатно ќе биде во аут и за наредниот дуел, но потоа би требало да е подготвен. Жота, проблемот е посериозен и Диого ќе мора да паузира нешто подолго“, прокоментира Клоп.

Ливерпул утревечер го пречекува ЛАСК, потоа следи домашниот дуел со Фулам, па гостувања на Шефилд Јунајтед и на Кристал Палас. Желба на Клоп е Алисон да биде максимално подготвен за настап на дербито со Манчестер Јунајтед што е на програмата на 18 декември.

Се вчитува...