Германскиот тренер Јирген Клоп ја одби шансата да биде селектор на Германија пред Европското првенство во 2024 година во Германија и наместо тоа остана во Ливерпул.
„Сезоната 2022/23 не беше добра за Ливерпул. По завршувањето на сезоната, германската федерација бараше нов тренер. Можев да кажам да, но не го сторив тоа бидејќи имав одреден однос со луѓето во Ливерпул и не сакав да ги разочарам”, изјави Клоп.
Тој додаде дека сакал да поправи одредени работи во Ливерпул, но потоа во јануари минатата година решил да си замине по сезона во која тимот заврши на третото место.
По Клоп, клупата на англискиот гигант ја презеде Холанѓанецот Арне Слот, кој со него ја освои шампионската титула на Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

