Ливерпул одлично ја отвори новата сезона и со максимални пет победи се наоѓа на првата позиција во англиската Премиер-лига. Причината за одличните игри секако е и Јирген Клоп, кој од како дојде на „Енфилд“ направи преродба во еден од најголемите клубови во светот. Интересниот податок за Клоп е тој што тој никогаш не носи одело на натпреварите, а Германецот ја откри и причината за неговиот избор.
„Имам костуми за свадби, погреби и ситуации ако некој ми наложи дека морам да носам. Не се чувствувам комфорно во костум. Поради краватата не можам да дишам нормално. Затоа не размислувам што ќе носам на натпреаварите. Среќен сум што ќе ми даде економот и важно ми е само да можам да скокам во тоа што го носам“, изјави Клоп.
Liverpool boss Jurgen Klopp explains why he no longer wears a suit on the touchline – Liverpool Echo https://t.co/94oLyUnNZO pic.twitter.com/25bYvfBjzG
— Liverpool BIB (@LiverpoolBib) September 16, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА