Кога во 2015 година го прифати предизвикот Ливерпул истакна дека четири години ќе му се потребни да донесе трофеи во клубот. Ветувањето го исполни пет месеци пред крајот на рокот освојувајќи го највредниот трофеј, оној на Лигата на европските шампиони.
Но, Јирген Клоп е во 52-та година од животот и 19 години со тренерска кариера забележувајќи, како што вели самиот, дека полека прегорува.
На прашањето дали ќе земе одмор од фудбалот кога во 2022 година ќе му заврши договорот со Ливерпул, Клоп без многу размислување одговора:
„Да, мислам дека навистина ќе одморам од фудбалот. Никој не може од сега да каже што ќе се случи за три години, но јас сум човек кој сака одмор“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА