Клоп: Покажавме во какво чудовиште сме се претвориле

Ливерпул со два гола во финишот успеа да го совлада Саутемптон на „Сент Мери“ со 1-3 и се врати на првото место на табелата во Премиер – лигата. Салах и Хендерсон ја донесоа победата, откако во првиот дел Кеита го анулираше водството на Саутемптон што дојде со голот на Шејн Лонг.

Менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп, е задоволен од триумфот и вели дека неговиот тим се претворил во чудовиште.

„Ова е брилијантен успех. Навистина требаше да покажеме во какво чудовиште сме се претвориле за да стигнеме до триумф. Психата победи. Игравме добро, со организиран висок пресинг, брзо ја освојувавме топката. Примивме гол брзо, но потоа и возвративме. Во финишот бевме фантастични, Мо Салах постигна гол, а потоа и Хендерсон“, изјави Јирген Клоп.

Ливерпул сега има два бода предност на врвот на табелата во Премиер – лигата пред Манчестер Сити, но и натпревар повеќе од „граѓаните“.

Се вчитува...