Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше задоволен од својата екипа по убедлвиот триумф од 6-1 над Спарта Прага во Лигата на Европа, со која неговиот тим го потврди пласманот во следната фаза.
„Црвените“ го решија мечот за 14 минути, кога постигнаа четири гола, а потоа се беше веќе формалност.
„Пред мечот реков дека не очекувам да загубиме 0-5. Стадионот беше полн, се беше подготвено за добар натпревар. Моравме да одлучиме дали ќе се пласираме понатаму на еден и на други начин, а имаше многу причини зошто требаше да бидеме на нивото и покрај добрата предност од првиот меч. Почнавме многу добро, ја нападнавме протвничката екипа и постигнавме одлични голови. 4-0 после 14 минути е навистина чудно, а во тој момент станавме алчни и сакавме уште повеќе. Почнав да размислувам дека пред нас се уште важни натпревари, а така размислуваа и момците. Затоа е добро кога има вакви порелаксирани натпревари, да можеме да одмориме малку од жестокото темпо“, изјави Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА