Клоп повторно без Фабињо, Кабак ќе дебитира против Лестер

Проблемите на Јирген Клоп со составот на Ливерпул продолжуваат откако стратегот на „црвените“ остана без помошта на Фабињо за утрешниот дуел со Лестер. Бразилецот влече незгодна повреда, Клоп ризикуваше со негов настап на последното дерби со Манчестер Сити, но ситуацијата во меѓувреме се влошила, па Фабињо нема да може да настапи на утрешниот натпревар против „лисиците“.

Отсуството на овој фудбалер ќе значи дека капитенот Хендерсон повторно ќе командува со одбраната на „црвените“, а се очекува своето деби за Ливерпул во Лестер да го има Озан Кабак. Турскиот интернационалец пристигна во последниот ден од преодниот рок од Шалке, а веќе одработи доволно тренинзи за да му се стави на располагање на Клоп, во обид да ја оправда довербата и да се избори за перманентен трансфер на крајот од сезонава.

Воедно, Клоп откри дека Португалецот Жота нема да биде во тимот уште најмалку три седмици, а блиску до камбек не е ниту Наби Кеита. До крајот на сезонава загубени се тројцата најдобри централни дефанзивци на „црвените“, Вирџил ван Дајк, Џо Гомез и Жоел Матип.

Се вчитува...