Клоп: Повторно сме оштетени од ВАР, не знам до кога ќе трае…

Ливерпул по голема битка славеше над Шефилд Јунајтед со 2-1, но Јирген Клоп не го криеше разочарувањето што неговиот тим повторно беше оштетен од судиите, при пеналот со кој гостите поведоа на „Енфилд“.

„Премалку натпревари се одиграни сезонава за толку често да се носат одлуки што се против нас, само не знам до кога ќе трае. Прво, се гледа дека тоа е старт на топка. Судијата видел контакт, но на повторената снимка јасно се гледа дека Фабињо ја удира топката и не може да гледате каде е фаулот, кога всушност нема прекршок. Како и да е, мило ми е што покажавме карактер у се вративме, ова беше тежок период со две незгодни гостувања против Евертон и Ајакс, па секако дека сум горд што успеавме да се вратиме и да победиме“, изјави Клоп.

„Црвените“ би требало да имаат нешто полесна работа на претстојниот меч од Лигата на Шампионите, на домашен терен против Митјиланд, додека во Премиер-лигата избраниците на Клоп повторно ќе играат на домашен терен, овојпат против екипата на Вест Хем.

Се вчитува...