Ливерпул од 18 часот го пречекува Арсенал во дербито на третото коло во Премиерлигата, во еден од најинтересните дуели од стартот на англискиот шампионат.
Европскиот шампион против тимот кој извонредно го одработи преодниот рок. Двобој на Салах, Фирмино и Мане од една и Обамејанг, Пепе и Лакаказет од друга страна. Но, дуел и на двајца истакнати стратези кои имаат што да понудат на фудбалот. Унаи Емири пред гостувањето на „Енфилд“ истакна дека „би сакал никогаш да не мора да игра против Ливерпул“.
На сето тоа доби одговор и од Јирген Клоп…
„Да, сакаме да бидеме тим против кој никој нема да сака да игра“ – рече Клоп, притоа дополнувајќи:
„Се уште не сме на нивото од минатата сезона, но не треба да бидеме совршени, туку подготвени. Имавме среќа против Челси, но среќен сум поради тоа. Саутемптон беше голем предизвик. Ако сега сакаме победа против Арсенал ќе мора да бидеме лути, агресивни и опасни во секој момент и на секој дел од теренот!“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА