Јирген Клоп не го криеше задоволството по извонредното второ полувреме во кое Ливерпул негативата од 0-1 против Лутон ја претвори во триумф со убедливи 4-1.
Трите бода се уште позначајни ако се земе во предвид долгата листа на повредени играчи, на која непосредно пред мечот со Лутон беа додадени и Мохамед Салах и Дарвин Нуњез. Тоа придонесе во второто полувреме да влезат тројца младински фудбалери на Ливерпул, но „црвените“ и со таков тим стигнаа до убеда победа.
„Прекрасна ноќ… покажавме дека сме одличен тим, ова се извонредни фудбалери. Начинот на кој реагиравме во второто полувреме, фудбалерите на теренот и навивачите на трибините, тоа беше нешто неверојатно. Не знам каква ќе биде ситуацијата за наредните натпревари, но едно ви гарантирам – се додека имаме 11 здрави играчи ќе се бориме за титулата“, порача Јирген Клоп.
Ливерпул сега има четири бода предност во однос на Манчестер Сити, „плус пет“ пред Арсенал, но и меч повеќе во однос на двата главни ривала за титулата.
Следен предизвик за Клоп и неговите избраници ќе биде финалето на лига-купот што ќе го играат против Челси в неделана „ВЕмбли“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА