Клоп ПРИФАТИЛ да преговара со Реал Мадрид

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп се согласи да разговара со претставниците на Реал Мадрид за можноста да го наследи Карло Анчелоти на „Сантијаго Бернабеу“. Ова го тврдат „Спорт“ и УОЛ Еспорте.

Германецот е без тренерска работа речиси една година, по заминувањето од Енфилд, а од почетокот на 2025 година ја презеде функцијата директор за фудбалски работи во Ред Бул.

Тогаш Клоп увери дека засега нема намера повторно да биде тренер. Според гореспоменатите извори, сепак, Клоп е подготвен да се врати во атрактивен проект и моментално би ги разгледал само понудите од Реал Мадрид и од репрезентацијата на Бразил. Интересно, Карло Анчелоти, за кој Скај Спортс денеска објави дека ќе ја напушти функцијата во Реал по финалето на Купот на кралот против Барселона, се смета за најголем фаворит да стане иден селектор на Бразил.

Ако не успеат со Клоп, тогаш Реал со сите сили ќе тргне по Чаби Алонсо, па дури и ќе плати обесштетување за да замне од Баер Леверкузен. Третата варијанта е одново враќање на Зинедин Зидан.

Се вчитува...