Клоп против Саудиска Арабија: ФИФА и УЕФА треба да реагираат

Влезот на богатите Саудици на фудбалската мапа и тренедот кој го постави Кристијано Роналдо отвори големи прашања за тоа дали треба да биде поставен лимит во однос на досега невидените финансиски понуди кои ги добиваат фудбалерите кои се натпреваруваат во најдобрите првенства во Европа.

На оваа тема говореше и Јирген Клоп, тренерот на Ливерпул кој ова лето остана без двајца клучни фудбалери од средината на теренот, Џордан Хендерсон и Фабињо кои реализираа трансфери во Саудиска Арабија.

„Влијанието на Саудиска Арабија е масовно во овој момент. Најлошо е што преодниот рок во Саудиска Арабија трае три недели повеќе отколку тој кај нас. Ги повикувам ФИФА и УЕФА да реагираат. Мора да се најде решение за ненормалните понуди. Но, навистина не знам што ќе се случи во овој момент“, вели германскиот стратег.

Покрај двоецот од Ливерпул клубовите од саудиското првенство во лето се засилија и со имиња како Карим Бензема, Нголо Канте, Марсело Брозовиќ, Садио Мане, Рубен Невес…

Се вчитува...