Ливерпул одигра уште еден разочарувачки натпревар против тим од долниот дел од табелата, со што „црвените“ уште повеќе си ги намалија шансите за место во Топ 4 и учество во ЛШ следната сезона. Јирген Клоп не го криеше разочарувањето од новата бледа партија на своите избраници против Лестер, потсетувајќи ги дека играат за својата иднина, а доколку не одговорат на задачите лесно може да се случи во текот на летото да си заминат од „Енфилд“.
„Работата станува сериозна. Не може да се игра вака, играме за нашата иднина, вклучувајќи ја тука и мојата. Имаме квалитет, можеме да играме одличен фудбал, го докажавме тоа, но проблем ни е што не го покажуваме на секој натпревар. Нема сомнение дека мораме многу подобро, јас чувствувам најголема одговорност, нема никаков изговор, ние сме Ливерпул и вакви игри се недозволиви. Првиот гол го примивме почетнички, како да беше пријателски натпревар, слабо почнавме, а исто така и завршивме“ – изјави Јирген Клоп.
Се погласни се и критиките кон германскиот стратег, особено поради изборот на дефанзивците откако Лукас Леива одигра катастрофално со Лестер, по новата преселба од средниот ред во последната одбранбена линија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА