Играчот на Ливерпул, Жоел Матип ќе паузира до крајот на сезоната откако ги скина лигаментите на коленото. Стоперот можно е да заврши со играње за „црвените“, ако се има во предвид дека неговиот договор истекува на лето 2024 година, а веќе е загубен до крајот на оваа сезона.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп кажа дека има шанси на Матип да му биде продолжен договорот и тој да остане на „Енфилд“ и по истекот на актуелниот договор.
„Ако ме прашувате дали постојат шанси на Матип да му биде продолжен договорот, јас би рекол да. И ако се прашувам јас, би сакал да го продолжи договорот, но не зависи од мене. Верувам дека клубот ќе покаже класа во една ваква ситуација, времето ќе покаже“, рече Клоп пред новинарите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА