Ливерпул ја продолжи победничката серија триумфирајќи на гостувањето против Кристал Палас, со што „црвените“ сега се цели 30 натпревари без пораз во Премиер-лигата. На тимот на Јирген Клоп му недостига само еден меч за да го израмни рекордот на клубот (од март 1987 до март 1988) од 31 средба во елитното друштво без пораз, но германскиот стратег јасно става до знаење – негов приоритет е титулата, а не рекордите.
„Не знам ништо за рекордите, ниту пак сакам да знам. Ова е долга сезона и ние гледаме да ја оствариме целта – тоа е освојување на титулата. Победа на следниот натпревар за мене ќе значи нови три бода, а не нов рекорд. Сакам луѓето да ги паметат трофеите, а не по 10-15 години да се сеќаваат само на рекордите, а ние не сме освоиле ништо. Имаме 37 бода по 13 кола, тоа е неверојатно. И против Палас не одигравме најдобро што знаеме, но јасно е дека не може секогаш да се победува со брилијантна игра. Наша цел е да собираме бодови и го правиме токму тоа“ – изјави Клоп.
Ливерпул во следното коло ќе го пречека Брајтон, по што на 4 декември ќе следи градското дерби на „Енфилд“ против Евертон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА