Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, очекува неговиот состав да го повтори настапот против Порто oд нивната прва меѓусебна пресметка, на вечерашната реванш – средба на „Енфилд роуд“. „Црвените“ со убедливиот триумф од 5-0 практично го осигураа пласманот меѓу најдобрите осум екипи во Лигата на шампиони, но германскиот стратег не размислува да прави драстични измени во стартните 11.
„Сигурен сум дека нема да го менувам тимот кој победува. Сакам да ја повториме истата игра од „Драгао“, да бидеме исто така ефективни пред голот. Имавме шест шута во рамките од кои нив од пет беа погодок, но и Порто се закани неколку пати во клучни моменти. Тие два пати шутираа во рамки, додека два нивни удари поминаа неколку сантиметри од нашиот гол. Многу работи можат да се сменат за брзо време, а јас не сакам никакви изненадувања. Ќе играме со респект кон Порто, без разлика на исходот од претходната средба“, изјави Клоп во пресрет на вечерашниот натпревар со португалскиот вицешампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА