Клоп: Само луди луѓе можат да ја отпишат Германија!

Менаџерот на англискиот великан Ливерпул, Јирген Клоп, им порача на Англичаните, но и на другите великани, дека тотална лудост е да се отпише Германија од кандидатите за европската титула, иако во завршницата „елфот“ се спаси од срам и елиминација во групната фаза.

Германија загуби со 0-1 од светскиот првак Франција, па го победи европскиот шампион Португалија со 4-2, за во последниот меч со Унгарија (2-2), на шест минути пред крајот со гол едвај извлекоа бод за пласман во осминафинале.

„Тотална лудост е некој да ја отпише Германија. Треба да сте луди да отпишете една таква селекција, само поради слабиот меч со Унгарија. Германија одигра одлично со Франција без оглед на пораот, потоа доминиравме со Португалија и ја надигравме како никој во последниве години, а се мачевме со Унгарија, но ништо повеќе. Понекогаш потребен е и таков меч. Затоа, верувам дека вистинското од германската репрезентација ќе го видиме во вторник“, рече Клоп за „Билд“.

Се вчитува...