Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп на редовната прес-конференција пред денешната дерби-пресметка со Манчестер сити одговораше на прашање поврзани и со трансферната политика на клубот.
Новинарите, меѓу останатото, ги интересираше и дали Ливерпул ќе го продолжи „ловот“ на Џад Белингам од Борусија Дортмунд. Веќе извесен период се пишува дека Ливерпул и Реал Мадрид, но и други европски великани, се заинтересирани за англискиот фудбалер за врска.
Но, Клоп се налути на тоа прашање…
„Нема да одговорам затоа што добро знаете дека не разговараме за такви нешта. Ќе трошиме на лето, тоа е она кое со сигурност може да ви го кажам. Ливерпул ќе вложува во тимот сериозно ова лето. Во кого, колку и такви други нешта, тоа знаете дека не го коментирам“ – рече Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

