Германскиот стратег Јирген Клоп во 2015 година седна на клупата на Ливерпул. Во четирите години како менаџер на англискиот гигант, тој го препороди тимот и од „црвените“ направи фаворити за освојување на сите трофеи во сезоната. Тој во октомври 2015 година вети дека доколку неговиот тим не освои барем еден трофеј во наредните четири години, тој ќе замине во Швајцарија.
„Во следните четири години ќе освоиме најмалку една титула. Ако тоа не се случи, ќе одам да бидам тренер во Швајцарија“, изјави Клоп.
Сепак и покрај одличната игра која ја негува Ливерпул во неговиот мандат, тимот се уште не се радуваше на трофеј. Минатата година загубија од Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите, а по поразот на „Камп ноу“ од Барселона, единствена надеж за трофеј е Премиер-лигата каде на две кола до крајот имаат бод негатива зад првопласираниот Манчестер Сити.
Дали Клоп ќе го исполни ветувањето и доколку Ливерпул не освои титула сезонава ќе замине во швајцарското првенство, останува да видиме.
9th October 2015:
? Jürgen Klopp: “We’ll win at least one title in the next four years. If not, I’ll go manage in Switzerland.” pic.twitter.com/HbWKkQ0Ghc
— EPL Bible (@EPLBible) May 3, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА