Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп не можеше да ги задржи солзите на средбата со навивачите на клубот. Германецот вчера на стадионот на Ливерпул ја сумираше својата 9-годишна работа во клубот, и на крајот се расплаче. Воедно, ова беше негова последна средба со фановите.
„Доаѓањето во овој клуб ми беше најдобрата одлука во животот, покрај бракот со мојата сопруга“, кажа Клоп на средбата.
Во Ливерпул дојде во 2015 година, и со тимот освои се што можеше да се освои, и го подигна нивото на клубот на повисоко ниво. Како што е познато, негов наследник ќе биде Арне Слот, кој доаѓа од Феенорд.
Jürgen Klopp can’t hold back the tears as the crowd sing his name after an emotional montage of moments from his incredible nine years in charge of Liverpool FC is played @LivEchonews pic.twitter.com/KQUhwjHb4o
— Ryan Paton (@RyanPaton1994) May 28, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА