Клоп: Се уште се прашувам дали Рамос е добар човек

Германскиот тренер Јирген Клоп гостуваше на подкастот на доскорешниот фудбалер Тони Крос каде говореа на повеќе теми. Една од нив беше и финалето во Лигата на Шампиони во 2018 година.

Битката за трофеј го одбележа и неспортскиот прекршок на Серхио Рамос над Мо Салах кој зарши со повреда на Египќанецот. Истата се уште го мачи Клоп.

„Ако одново ја погледнете ситуацијата, а притоа не сте навивач на Реал ќе видите дека без безобразно и брутаално. Ако ги ставите сите акции на Рамос во едно, а јас гледам фудбал од мојата петта година ќе видите што тој направи.

Тоа треба да се погледне. Рамос беше брутален. Не мислам дека Мо ќе се повредеше во таква ситуација. Немаше среќа. Не сум сигурен дали ќе видиме некогаш повторно нешто слично. Со лакт удираш голман, со борачки зафат го соборуваш противникот и на крај ќе победиш на натпреварот. Рамос кажа многу работи кои не ми се допаѓаат. Не ми се допаѓаат неговите реакции како човек.

Се уште се прашувам дали Рамос е добар човек. Не го сфаќам тој менталитет, никогаш не сум сакал такви играчи. Кога и да ги имав во тимот се погрижував да заминат“, вели Клоп.

Се вчитува...