Поранешниот менаџер на Ливерпул , Јирген Клоп веќе сподели какви се неговите планови за во иднина. Како што е познато, Германецот реши да се раздели со „црвените“ по завршувањето на сезоната. Тој сега изјави дека планира да одвои малку време за да се одмори, а потоа да одлучи каде и како што ќе ја продолжи кариерата.
Клоп кажа дека нема целосно да престане да работи, но најави дека нема да работи со исто темпо како порано.
„Нема шанси целосно да престанам да работам. Но, не гледам како би можел да работам со исто темпо како порано. Тренерот е тренер. Или треба да направиш се што треба или подобро да не правиш ништо. Планирам добро да се одморам сега, не знам како ќе се чувствувам за време на оваа пауза и што ќе правам после тоа“, рече Клоп.
56-годишниот тренер купи вила во Санта Понса во Шпанија, каде ќе помине дел од своето време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА