Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп кажа дека сите мечеви во Премиер-лигата до крајот на сезоната за неговиот тим се квалификациски за Лигата на шампионите. Во моментов тимот од „Енфилд“ заостанува седум бода од Тотенхем кој е на четвртото место на табелата, со и до два меча помалку од лондончани.
Утре Ливерпул има гостување кај Кристал Палас во многу важен меч за „црвените“, а особено после тешкиот пораз од Реал Мадрид во европската „елита“, со кој тимот се наоѓа пред елиминација од Европа.
„Го гледав мечот со Реал повторно, но немаме време да го гледаме заедно со играчите. Неприфатливо е да се примат пет гола на домашен терен. Првото полувреме, сепак, беше добро. Вториот дел го почнавме на најлош можен начин. Се надевам дека ќе научиме од грешките. Сите натпревари од сега до крајот на сезоната се квалификациски за Лигата на шампионите. Исклучително е важно да обезбедиме место во ЛШ следната сезона. Треба само повторно да веруваме во себе и да ги покажеме нашите квалитети на теренот“, изјави Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

