Клоп: Сезоната ни е лоша, но чуда се случуваат

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп продолжува да верува дека неговиот тим може да ја заврши сезоната на место кое ќе го однесе во Лигата на шампионите следната сезона. Во моментов „црвените“ заостануваат еден бод од четвртопласираниот Манчестер Јунајтед, но имаат и меч повеќе.

До крајот на тимот од Енфилд му остануваат уште три меча, а на тимот од Олд Трафорд четири меча. Добро кај Ливерпул е што има далеку подобра гол разлика, што се гледа при евентуално израмнување на бодовното салдо.

„Чуда се случуваат. На пример, голот на Алисон Бекер“, рече Клоп. „Но тогаш беше се до нас, сега треба да победуваме, но и тоа можеби нема да биде доволно. Но, до пред неколку недели не ни можевме да размислуваме за Лигата на шампионите, а сега сме блиску. Генерално имаме лоша сезона. Мислам дека сите се согласуваме со тоа. Како да влеговме во ритам предоцна. Но, моментално сме со повеќе од 60 бодови. Имаме квалитет, и среќен сум што победивме шест меча по ред. Би било многу тешко тој број да се зголеми, затоа што овој дел од сезоната е многу тежок“, вели Клоп.

Се вчитува...