Јирген Клоп е оптимист дека Ливерпул ќе успее да триумфира на вечерашниот клучен натпревар против Наполи. Германецот е уверен во квалитетите на својот тим, а како единствена работа од која стравува во пресрет на мечот од „Енфилд“ го посочи судијата Дамир Скомина.
„Знаеме дека во Неапол не бевме доволно добри и заслужено загубивме. Во Париз бевме нешто подобри, игравме добро, но загубивме. Сега се враќаме дома, тука секогаш играмена ниво, но против Наполи ќе мораме да бидеме уште подобри. Не сум нервозен, верувам во нас и убеден сум дека ако не се истакнат судиите со некои непредвидливи одлуки, ние ќе го добиеме она што го заслужуваме – нокаут фазата од Лигата на шампионите. Атмосферата на стадионот ќе биде извонредна, мораме да го искористиме тоа“ – истакна Клоп.
Британските медиуми ги потврдуваат стравувањата на Германецот со податок дека Ливерпул никогаш досега не славел на натпревар на кој Скомина бил судија. Последен меч на кој Словенецот им ја делел правдата на „црвените“ беше ланскиот реванш од полуфиналето против Рома, на кој тимот на Јирген Клоп загуби со 4-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

