Фудбалерите на Ливерпул викендов ќе се сретнат со Фулам во меч од 14. коло во англиската Премиерлига. Декември месец е еден од најтешките за племиерлигашите бидејќи ќе мора во краток период да одиграат голем број натпревари.
Менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп вели дека следува најтешкиот период од годината за неговиот тим, во кој ќе мора многу да ротира како би ја задржал свежината кај своите избраници.
„Не сум сигурен дали можеме постојано да правиме ротации. Зависи и од тоа кој е достапен. Вчера имавме можност да направиме неколку. Но, кога губиме, како што беше против Тулуз, луѓето велат дека имало премногу промени. И самиот тогаш мислев дека нема ритам во нашата игра. Кога заврши натпреварот, се запрашав дали тоа е вистинската одлука. Проблемот е што тогаш веќе сѐ е готово. Мораме да ротираме додека можеме. Доаѓа најтешкиот период во фудбалот. Така е за сите тимови. Така сите ќе играат“, заклучи Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА