Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, не е задоволен од ремито (1-1) на „Олд Трафорд“, ниту од начинот на кој Манчестер Јунајтед го играше вчерашното дерби. Тој вели дека „црвените ѓаволи“ повторно само се бранеле.
„Да бидам искрен, така е од кога дојдов во Англија, во 2015 година. Едниот тим само се брани, а другиот се обидува да игра и да напаѓа. Освоивме бод, тоа е подобро отколку ништо, но и не некое посебно достигнување“, изјави Јирген Клоп.
Маркус Рашфорд го доведе Манчестер Јунајтед во водство во првото полувреме, а Ливерпул успеа да израмни во финишот, со голот на Адам Лалана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА