Клоп со комплименти за „новиот Кутињо“: Ливерпул доби фудбалер кој може да ја крене публиката на нозе

Ливерпул официјално го потврди новото засилување од Фулам и младински репрезентативец на Португалија, Фабио Карвалјо. Станува збор 19 годишен играч кој по стилот на игра многу потсетува на поранешниот плејмејкер на Ливерпул, Филипе Кутињо.

Карвалјо требаше на почетокот од годинава да дојде во Ливерпул, но трансферот не беше реализиран бидејќи документите не беа потпишани во предвидениот рок. Договорот на клубовите остана валиден, па Фулам ќе добие 5,5 милиони фунти за Португалецот, кој во англискиот вицешампион ќе го носи дресот со број 28.

„Карвалјо е играч кој може да подигне цел стадион на нозе. Имаше одлична сезона во Фулам, тој е разнолик играч, а со својата креативност е опасност за противниците. Ќе биде потребно трпение, но се радувам што ќе игра со нас во Ливерпул“, порача Јирген Клоп.

Договор со клубот од „Енфилд“ претходно потпишаа уште и Дарвин Нуњез и Калвин Ремзи.

Се вчитува...