Јирген Клоп стана прв тренер во историјата на Ливерпул кој успеал да освои шест различни трофеи како кормилар на „црвените“ откако со својот тим денеска славеше во финалето на ФА Купот над Челси.
Во таборот на Ливерпул се слави големиот успех, но Клоп по мечот се осврна и на повредите кои ги заработија Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк.
„Мислам дека проблемот со Мо е нешто посериозен. Ван Дајк е во ред, имаше само мала болка во мускулот и не сакавме да ризикуваме. За Салах, ќе мораме да почекаме и да видиме. Се надевам дека ќе биде во ред за финалето со Реал Мадрид“, истакна Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

