Јирген Клоп по заминувањето од Ливерпул, во моментов има улога во конзорциумот Ред Бул каде што спаѓаат Лајпциг и Ред Бул, но никаде не работи како тренер. Иако се шпекулираше дека би можел да се врати, и тоа на клупата на Реал Мадрид, сепак, Германецот и натаму нема направено „кам-бек“ на клупата на некој од тимовите.
Клоп остави белег во Борусија Дортмунд, каде од „вечно втор“, го врати на шампионските патеки, и тогаш изгради многу играчи како Хумелс, Геце, Гундоган… Меѓутоа најголем впечаток под негово водство на „милионерите“ несомнено остави Роберт Левандовски.
Купен за „ситно“ од Лех, Левандовски стигна во Борусија да биде „бекап“ напаѓач, за потоа да прерасне во еден од најдобрите голгетери на светот. Токму со тоа се сложува и Јирген Клоп.
„Имам посебна почит за Левандовски. Она што го направи со својот потенцијал и тоа како се наметна себе си да стане играч каков е денес – тоа е неверојатно. Ако сите фудбалери се развиваа како него, фудбалскиот свет би бил целосно луд“, изјави Клоп.
Левандовски потоа замина во Баерн каде ги рушеше сите рекорди, пред да замине во Барселона со кој има договор до крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

