Клоп: Супер е што жена ќе ни суди против Челси

Јирген Клоп ја поздрави одлуката на УЕФА за арбитража на Супер-Купот на Европа меѓу Ливерпул и Челси да ја избере Стефани Фрапар од Франција, на која ќе и помагаат Мануела Николоси и Мишел О’Нил. Ова ќе биде прв машки европски меч на кој жени се задолжени за делење на фудбалската правда, тренд што Клоп се надева дека ќе продолжи и во иднина.

„Конечно… мислам дека е вистински момент. Јас имав можност да доживеам вакво нешто во Германија, а горд сум што ќе станеме дел од историјата и на европско ниво. Ова е многу, многу важен натпревар, но не се сомневам дека судиите добро ќе си ја завршат работата. Ова е прв ваков меч, се надевам дека нема да биде последен“ – истакна Клоп.

Ливерпул ќе биде ослабен поради неиграњето на повредениот Алисон Бекер, на чие место на голот на „црвените“ ќе се појави Шпанецот Адриан.

Се вчитува...