Клоп суспендиран на два меча и казнет со 75.000 фунти

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е казнет поради критиките кои ги упати кон судијата Пол Тирни по средбата со Тотенхем во Премиерлигата.

Во изјавата на 30. април, Клоп му замери на судијата поради лошата арбитража и коментарите кои ги добивал од него.

„Скај“ објавува дека германскиот тренер ќе биде суспендиран на два меча, и исто така со парична казна од 75.000 фунти. Во последните два меча од сезоната, Ливерпул ќе игра против Астон Вила и Саутемптон. Тимот е во битка за местата кои носат во Лигата на шампионите.

Се вчитува...