Челси вчера се одлучи да го смени Грем Потер од клупата, а сменет е само седум недели откако дојде на „Стемфорд Бриџ“. Уште еден тренер Брендон Роџерс беше сменет претходно. Во текот на последната прес-конференција Јирген Клоп коментираше за нивните откази.
Ливерпул има исто така лоша сезона, а неколкупати се шпекулираше дека за Германецот ова ќе биде последна сезона на „Енфилд“, и ќе следува заминување.
„Што да кажам за нивните смени? Мислам дека „слонот во собата“ е причина што сум уште тука во овој луд ссвет. Јас сум последниот кој остана. Свесен сум дека сум тука поради минатото, а не поради она што го направив оваа сезона. Да ми беше ова прва сезона, ќе беше поинаку. Тука сум да работиме и напредуваме“, рече Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

