Отказот на Клаудио Раниери ја разбранува јавноста во Англија, но и целиот фудбалски свет. Многу личности застанаа во негова одбрана, Жозе Мурињо излезе на прес – конференција со маица со неговите иницијали, а Јирген Клоп пред дуелот со Лестер даде многу искрена изјава. Ништо не го изненадува, затоа што светот е полуден…
„Дали сум изненаден со отказот на Раниери?! Не ме изненадува само тоа. Светот полуде…Има неколку чудни одлуки во оваа сезона, 2016/17. На пример, Брегзит, Трамп, па сега и Раниери! Не знам доволно за да проценам, ќе треба да ги прашање луѓето од Лестер за подетален одговор. Но, сигурен сум дека Клаудио Раниери како менаџер се нема променето за една сезона. Тој е преискусен за такво нешто. Ја пронајде перфектната формула со фудбалерите минатата сезона, но ете таа не функционира и оваа сезона. Фудбалот е многу комплексна игра, некогаш решаваат ситни детали, а некогаш едноставно – среќата. Како и да е, јас го очекувам најсилниот можен Лестер в понеделник“, изјави Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, токму во пресрет на дуелот со Лестер во Премиер – лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА